25647 research outputs found
Sort by
Влијанието на климатските услови врз појавата и развојот на пламеница (Plasmopara viticola) кај виновата лоза во Виничкиот регион
Пламеницата кај виновата лоза (Plasmopara viticola) претставува една од најзначајните и најраспространети болести што се јавува речиси секоја вегетациска сезона и претставува сериозен проблем за лозарите. Болеста е присутна во сите лозарски региони каде што владеат поволни климатски услови, особено во топли и влажни години. Предизвикувачот е оомицетна габа која ги инфицира листовите, цветовите, ластарите и гроздовите, предизвикувајќи појава на жолтеникави флеки на горната страна од листот и белузлава мицелијална превлака на долната страна. Развојот на болеста е тесно поврзан со присуството на влага и соодветна температура, при што оптимални услови се релативна влажност над 85 % и температура од 18 до 25 °C
CA24101 - Testing Fundamental Physics with Seismology (FuSe)
The FuSe Action tackles challenges in fundamental physics by exploring seismic phenomena and
earthquake precursors, providing new opportunities for testing. It aims to bridge the gap between
fundamental physicists and Earth scientists, leveraging advanced technologies such as Big Data, machine
learning, and AI, and working with small technological enterprises to translate theoretical insights into
practical applications.
At the heart of FuSe is the belief that seismic phenomena could reveal new aspects of fundamental
interactions and lead to the discovery of new physics. By analysing seismic data and studying the
underlying physical principles, FuSe aims to explore imprints of unknown physics that may be embedded in
these natural processes. On the other hand, the study of fundamental physics can also improve our
knowledge of the Earth. This effort draws on interdisciplinary expertise, with a focus on how seismic events
could deepen our understanding of the fundamental forces that govern the universe.
FuSe’s innovative approach combines diverse scientific fields to pursue both theoretical and practical
advancements. This synergy has the potential to transform our knowledge of both fundamental physics and
seismic activity, contributing to a broader understanding of Earth’s interior and the cosmos
Логистичката регресија во јавните и локалните финансии (студија на случај за предвидување на фискалниот диспаритет на општините)
Целта на овој труд е да се долови и демонстрира потенцијалната употреба на бинарната логистичка регресија во научните истражувања од областа на јавните и локалните финансии. Како еден вид генерализиран статистички метод, кој содржи исклучиво бинарни (дихотомни) вредности на зависната варијабла, истиот е извонредно погоден за предвидување на одредени економски појави чијашто состојба т.е. status quo се состои од само две вредности (акции со потпросечен принос, акции со натпросечен принос, ликвидни наспроти неликвиднии општини, општини со низок наспроти општини со висок фискален капацитет, држави во банкрот versus држави вон банкрот итн.) Како резултат на тоа, се овозможува да се направи класификација и групирање на опсервациите во соодветни групи со зголемен ризик од конкретната појава (општини со потпросечен приходен капацитет) и групи со низок ризик од појавата (општини со натпросечен капацитет). Друга поволност која ја нуди логистичката регресија е можноста за пресметка на шансите и веројатноста за настапување на одредена состојба (неликвидност или банкрот) и тоа посебно за секоја индивидуална опсервација (општина, држава итн.). Со ваквиот методолошки приод, истражувачот е во состојба објективно да го процени ризикот од настапувањето на конкретната појава, и во таа насока да даде препораки за конкретни дејствија или мерки со цел да се превенира потенцијалното настапување на појавата т.е. редуцира присутниот ризик. Со помош на студија на случај, демонстрирана е примената на логистичката регресија врз статистички примерок составен од македонските општини, од кој се исклучени единствено скопските општини заради недостаток на податоци. Интересно, истражувањето покажа дека како предиктори на фискалниот капацитет на општините во Македонија, освен бројот на жители и наплатените сопствени приходи по глава на жител, се јавуваат и урбано/руралниот и етничкиот статус на општините
Современа скулптура 2025 ДЛУМ
Изложбата „Современа скулптура" 2025, реализирана како дел од програмските активности на ДЛУМ со поддршка на Министерството за култура и туризам, претставува значаен преглед на современите скулпторски тенденции во македонската ликовна сцена. Со учество на шеснаесет уметници од различни генерации, во оваа изложба, не се јавува како едноставна презентација на индивидуални остварувања, туку како комплексен дијалог за состојбата и можностите на скулптурата како медиум во современото живеење.
На изложбата даден е акцентот на поврзаноста помеѓу класичните скулпторски вредности и современите истражувачки импулси. Од една страна, присутен е изразот со благородни материјали – мермерот, бронзата, дрвото – кои ја потврдуваат континуираната врска со традиционалната скулпторска практика, а од друга страна, експериментирањето со нетрадиционални медиуми и истражувачки решенија кои говорат за свесноста на уметниците за проширените граници на скулпторското поле.
Материјалноста се јавува како централно прашање. Употребата на мермер, инокс, бронза, дрво, теракота, но и комбинацијата на железо, жица, плексиглас, огледало, восок и други материјали не е само техничко прашање – таа е концептуален став на уметникот. Секој материјал носи своја семантичка тежина, своја историја. Делата, во овој случај скултурите се движат во континуум помеѓу фигуративното и апстрактното. Стилизираните фигуративни форми, редуцирани до есенцијални волумени, функционираат и како репрезентации на телото и како автономни формални структури. Човечката фигура е присутна во различни модалитети – фрагментирана, трансформирана – тематизирајќи го телото како место на значење, идентитет и егзистенција.
Особено на изложбата „Современа скулптура 2025“важен е односот на скулптурата кон просторот. Отворените конструкции, употребата на сенки, рефлектирачките површини и инсталативните решенија го активираат просторот како конститутивен елемент на делото, не само како негов контекст. Делата создаваат нови релации, го предизвикуваат движењето и перцепцијата на гледачот. Изложбата потврдува дека скулптурата останува витален и релевантен медиум. Меѓугенерациската присутност покажува дека скулпторската практика не е прашање на генерациска припадност, туку на индивидуална креативна енергија и концептуална јасност.
Наградата на семејството Митриќевски, доделувана за најдобро скулпторско решение, симболички го потврдува континуитетот на традицијата и нејзината постојана обнова – вредности без кои скулптурата не може да опстане како уметничка практика со интегритет.
ДЛУМ,
Октомври 202
Seasonal fluctuations in Ohrid (North Macedonia): the need for regenerative tourism
The town of Ohrid in North Macedonia, which has been declared a World Heritage site, experiences severe tourism seasonality, with peak tourist arrivals in July-September. This study utilizes seasonality indicators to reveal significant fluctuations in visitation contributing to environmental degradation and overcrowding. Therefore, the research advocates regenerative tourism, emphasizing nature-positive practices. Regenerative tourism as an approach provides insights for international and domestic destinations, highlighting the importance of sustainable management models to mitigate increasing tourism pressures
Везилка, самостојна изложба на цртежи и слики
Изложбата, која се состои од 20 цртежи изработени во специфична техника со користење на рабиц мрежа, како и 7 слики во техниката акрил на платно, се отвори на 24.09.2025 година во Културно-иинформативниот центар во Скопје. Тематски, изложбата се осврнува на ликовниот принцип со кој се гради македонскиот вез. Директно инспирирана од истоимената песна на Конески, оваа изложба се стреми да одговори на прашањето на поетот „кажи како...“ но во современ женски контекст
Иизвештај од одржан настан „Денови на инклузија – со љубов и поддршка да создадеме свет без бариери“
Настанот „Денови на инклузија – Со љубов и поддршка да создадеме свет
без бариери“, што се одржа од 30 октомври до 1 ноември 2024 година на Факултетот за
образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, претставува значајна платформа за
промоција на современи практики и пристапи во инклузивното образование. Преку пленарни
предавања, интерактивни работилници, дискусии и презентации, беа разработени теми
поврзани со карактеристиките на инклузивните училишта, улогата на семејството и
наставниците во поддршката на децата со посебни образовни потреби, примената на
технологијата и музикотерапијата како креативни алатки за развој и комуникација. Настанот ги
обедини академската заедница, практичарите, родителите и институциите во заедничка цел –
создавање на инклузивен образовен систем кој обезбедува еднаков пристап, прифаќање и
поддршка за сите деца. Посебен акцент беше ставен на индивидуализираната поддршка,
примената на МКФ, универзалниот дизајн за учење и асистивната технологија. Преку овие
активности, Факултетот за образовни науки го потврди својот континуиран ангажман во
промовирање на вредностите на инклузијата и создавање можности за професионално
усовршување и размена на добри практики помеѓу сите учесници во воспитно-образовниот
процес
Учество на изложбата Миниартура, ДЛУМ 2025
За традиционалната изложба со наслов Миниартура која се одржува секоја година во КИЦ Скопје, беа селектирани 2 мои дела во техниката акрил, акрилен фломастер и ЦД фолија на платно
Инсектите и човекот низ историјата – корисни и штетни видови
Инсектите (класа Insecta) се група членконоги што имаат хитински надворешен скелет, триделно тело (глава, гради и стомак), три пара членести екстремитети, еден пар сложени очи и две пипала. Тие се една од најразнообразните групи на животни на планетава, со повеќе од еден милион опишани.
Инсектите најверојатно еволуирале од примитивни многуноги (Arthropoda: Myriapoda) за време на Силур, пред околу 400–440 милиони години, кога траxеофитите штотуку го колонизирале копното, обезбедувајќи нови извори на храна и засолниште.Нивниот штотуку стекнат успех во овие суви, копнени услови се должел најмногу на егзоскелетот, со надворешен слој од восочна кутикула за да се минимизира исушувањето.Иако не постојат фосилни пронајдоци за првите инсекти, разумно е да се шпекулира дека инсектите еволуирале независно од другите шестоноги.
Во текот на својата долга еволуција, инсектите воспоставиле сложени односи со растенијата и животните, меѓу кои и со човекот. Низ историјата, односот меѓу човекот и инсектите се развивал во две насоки, како соработка и корист, но и како борба и заштита од нивните штетни последици. Од античките цивилизации до денес инсектите имале значајна улога – од симболика и економска корист, до закани за здравјето и храната. Низ вековите, човекот научил дека наместо во уништување, клучот лежи во соработка и одржливо управување со популациите инсекти.
Историјата покажува дека иднината на човекот и инсектите е нераскинливо поврзана, а разбирањето на таа врска е основа за еколошка рамнотежа и биолошка безбедност. Денес, разбирањето на овој сложен однос има практично значење за современата заштита на растенијата и биолошката контрола
Одржливо фармацевтско пакување
Одржливоста во фармацевтската индустрија, вклучува многу аспекти, од операции за декарбонизација со користење на обновливи извори на енергија, до намалување или менување на материјалите за пакување. Па оттука една од главните теми во денешницата е одржливото пакување за фармацевтските производи. Прво затоа што тоа е клучен чекор за намалување на емисиите, кои генерално претставуваат приближно 80% од емисиите на стакленички гасови на компанијата. Ноод друга страна, затоа што пакувањето резултира со значителни количини отпад, кои се директно видливи за потрошувачите и пациентите. Затоа, фармацевтските компании треба да го преиспитаат своето пакување за да ги исполнат очекувањата и прописите на пазарот.
Покрај квалитетот на пакувањето и ригорозните GMP стандарди, ефикасноста отсекогаш била клучен услов во фармацевтската индустрија. Од една страна, лековите кои спасуваат животи бараат ефикасни процеси и често високи резултати за да се обезбеди стабилен производ на пазарот. Исто така за ефикасно производство на фармацевтски производи голема улога има опремта да може брзо да се менува помеѓу производите, методите на полнење пакување и сетоа тоа попратено со брзото и лесно чистење што воедно има главна улога за да се обезбеди висок квалитет на производот и на крајот безбедност на пациентот.
Од друга страна, технолошките, регулаторните и пазарните промени ја прават флексибилноста од суштинско значење, односно машините за пакување мора да бидат лесно приспособливи на новите материјали или формати на пакување. Додека поливинил хлорид ( PVC ) блистер е материјал за пакување од избор, менувањето на регулативите и барањата на пазарот може да доведат да таа улога ја замента со рециклирачки полипропилен (PP) па дури и со хартија.
Секоја промена на материјалите за пакување бара опрема која може да обработи широк опсег на опции, а истовремено да обезбеди непречено и ефикасно работење