UGD Publishing System (Goce Delcev University - Stip / Университет „Гоце Делчев“, Щип)
Not a member yet
    5501 research outputs found

    ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА КАЗНИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ВАВИЛОНСКИОТ ХАМУРАБИЕВ И СРПСКИОТ ДУШАНОВ ЗАКОНИК

    No full text
    Сторувањето на кривичните дела, со умисла или од небрежност, се чини, присутни се од првите чекори на човекот кон цивилизацијата и формирањето на историски првите држави. Денес, кривичното дело претставува противправно дело определено како кривично, чии обележја се законски определени. Санкциите, од своја страна, претставуваат своевидна реперкусија, реакција на општеството по повод стореното злодело. Висината и начинот на казнување во голема мера зависи од степенот на демократската развиеност на една држава, а одмерувањето почнува од времето на првобитната заедница. Трудот се занимава со две историски различни раздобја, споредувајќи и анализирајќи ги системите на казнување во два класични правни кодекси: Хамурабиев законик (Старовавилонско право, XVIII век пр. н.е.) и Душанов законик (Српско средновековно право, XIV век). Целта на трудот е прикажување на критериумите за одредување на висината на казните (имотен, општествен статус, намера) намерата и нивната висина во овие два системи.Клучни зборови: кривично дело, Хамурабиев законик, Душанов законик, право, историја

    ФОРМИ И ПОЛИТИКИ НА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА

    No full text
    Ова истражување вклучува основни концепти и дефиниции за конкуренција, политиката на заштита на конкуренцијата и конкурентното право. Главен фокус и предмет на истражувањево во самиот труд е заштита на правата на конкуренција во комунитарното право.Целта на ова студија е да се испита моменталната состојба на политиката на конкуренција во Република Северна Македонија, идентификација и разгледување на клучните пречки и недостатоци кои го отежнуваат комплетирањето и соодветното спроведување на правилата на конкуренцијата и давање препораки за подобрување на политиката на заштита на конкуренција. Препораките првенствено се наменети за носителите на одлуки во процесот на креирање на политики и законодавство во областа на заштитата на конкуренцијата, како и за оние кои се одговорни за правилната примена на важечката правна рамка.Исто така, фокусот на ова истражување е да укаже и на недостатоците на регулативи за заштита на конкуренцијата, како и да се прикаже посакуваниот концепт за понатамошен развој на правото во оваа област, преку развојот на правната рамка во насока на обезбедување на просперитет во економскиот развој на Република Северна Македонија, да се истакнат манифестациите на нарушување на конкуренцијата во единствениот пазар на Европската Унија, како и основните институционални и процедурални механизми за нивно спречување и санкционирање.Затоа и главен фокус на овој труд ќе биде насочен и кон проучување на европската правна заштита на конкуренцијата, со проучување на конкретни одредби како делови од правни извори во оваа област. Законот за конкуренција на единствениот пазар на Европската Унија, во согласност со владејачката политика, не е доволно истражуван во домашната правна литература. Особено, не е доволно истражен односот помеѓу конкурентното право и судската пракса, на кое прашање ќе биде посветен посебен дел од овој труд, преку анализа на содржината на одберени судски пресуди на европските судови, кои по својата суштина се поврзани со примена на правата за заштита на конкуренцијата.Научните резултати од овој труд и елементите на моделот на заштита на конкуренцијата кој е применлив во правните системи на земјите формирани на територијата на поранешна Југославија, со посебен осврт на Македонија, ќе бидат истакнати во завршните забелешки на самиот труд.Клучни зборови: заштита на конкуренција; непосредна и посредна заштита на конкуренција; американски модел на заштита на конкуренција; европски модел на заштита на конкуренција

    КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

    No full text
    Понекогаш конфузната природа на градењето на нацијата (нациите) и национализмот во доцноосманлиска Македонија е прашање кое ја преокупира научната мисла повеќе од еден век. Суштината на градењето на македонската протонационална, а потоа и етнонационална свест е во автентичниот израз на создавање на идејата на посебност наспроти другиот, традиционалната религиска, лингвистичка, територијална и политичка афилијација на македонскиот селанец и протодржавните структури вообличени во рамките на МРО. Сепак, во доцниот 19-ти и раниот 20-ти век, јасно ќе се искристализира идејата за целосно оформен Македонски национален идентитет, кој како проекција го гради Крсте Петков Мисирков. Од аспект на современите теории за нациите и национализмите, во Македонија се воочува присуството и на територијално-политичкиот и на етно-јазичниот модел. Исто така, многу јасно воочливо е трансформирањето на идентитетската диференцијација преку доминантно религиската примарна идентификација врамена во османлискиот милет систем, преку панславизмот, во чист национализам. Сите овие фази се контингентни, што значи следната ја инкорпорира претходната.Клучни зборови: Македонија, нации, национализам, идентитет, Крсте Петков-Мисирков

    БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ФЕДЕРАЛНА ИЛИ КОНФЕДЕРАЛНА ДРЖАВА? – ЕДЕН ОСВРТ КОН ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ НА ЗЕМЈАТА ВО ПРЕДВЕЧЕРИЕТО НА ТРИЕСЕТАТА ГОДИШНИНА ОД ДЕЈТОНСКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР

    No full text
    Во 2025 се одбележува триесеттата годишнина од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор (ДМД). Со него беше ставен крај на три и пол годишната граѓанска војна, и беше даден почеток на преструктуирање на земјата на начин со кој се задржа нејзината целовитост, но внатрешно беше поделена на два ентитета. Ваквата опција беше еден своевиден компромис, но поставеноста на ентитетите во контекст на целокупниот политички систем на повоена БиХ, остана да предизвикува дилеми кај припадниците на академската заедница, кои се бават со компаративните политички системи. Кај нив нема недоумица дека со ДМД во БиХ се воспостави класичен модел на консоцијативна демократија. Но, малобројните координати кои ги пружи самиот дејтонски Устав, не им дава доволна основа, за in concreto, да дадат категорична оценка за тоа дали БиХ е федерација или конфедерација. Оттука, целта на овој труд е: преку начинот на настанокот на државата; обемот на нејзините надлежности; составот и начинот на одлучување на нејзините институции; самата организација на државната власт; односот помеѓу државното и ентитетското ниво преку поделбата на надлежностите помеѓу нив; како и преку земање во предвид на аргументите pro et contra; да се направи една анализа за тоа дали БиХ, 30 години по ДМД (под кој без малку цела една генерација израсна), е класична федерална држава или пак станува збор за еден своевиден федерално-конфедерален хибрид.Клучни зборови: консоцијација, уставен инженеринг, меѓународна заедница, постконфликтност, југословенската криза, ентитети

    ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРИ ОНЛАЈНКРЕДИТИРАЊЕ: ПРАВНА РАМКА, ПРАКТИЧНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НАСОКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ

    No full text
    Во современата финансиска пракса, онлајн кредитирањето е просперитетен, но истовремено ризичен сегмент што овозможува брз пристап до средства. Сепак, ширењето на брзите онлајн кредити е проследено со растечки случаи на злоупотреба на лични податоци, каде криминални групи користат украдени или лажно прибавени идентитети за да одобрат и повлечат кредити на несреќни жртви. Овој академски труд ги анализира правната рамка (европска и македонска) која регулира заштитата на личните податоци и кредитирањето, презентира практични предизвици и конкретни случаи на злоупотреба, како и насоки за унапредување на системот.Истражувањето користи примери од Македонија и пошироко во Европската Унија во изминатите пет години. Клучните заклучоци укажуваат на потребата за заострување на регулативата, подобрување на техничките и организациските мерки за заштита, и едукација на јавноста за правилна заштита на личните податоци при онлајн кредитирање.Клучни зборови: лични податоци, онлајн кредитирање, брзи кредити, закон за заштита на лични податоци, злоупотреба, кривично дело, GDPR, препораки

    Table of content

    No full text
    Table of conten

    ПРИМЕНА НА ПРАВОТО И КАЗНУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКИ КРИВИЧНИ ДЕЛА КАКО МЕРКА ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

    No full text
    Последните неколку децении се соочуваме со негативни ефекти од штетното управување со природните ресурси од страна на големите корпорации, но и штетно искористување на истите од страна на луѓето на планетата Земја. Тие за своја последица имаат климатски промени, кои го опфаќаат секој сегмент на човековото живеење, а правејќи го светот небезбедно место за живеење. Статистиките на различни меѓународни извештаи покажуваат дека ова нема да издржи на долг рок. Неефективното казнување на сторителите на еколошките кривични дела од друга страна им обезбедуваат „слободни раце“ на криминалците, да преземаат криминални активности и понатаму, но борбата нема да застане тука. Ова истражување користи квалитативни методи за анализа на правните механизми и казните за еколошките кривични дела. Европската Унија се залага за воведување нови инструменти за заштита на природните ресурси и казнување на сторителите, а исто така и пошироко на меѓународно ниво се обезбедуваат поголеми механизми кои детално се разработени во овој труд. Целта на ова истражување е да се направи подобар преглед на еколошките кривични дела и нивните сторители, природата на еколошките кривични дела поврзани со климатските промени, нивните карактеристики и својства, меѓународните правни инструменти за заштита на климата и околината и правните механизми за заштита воопшто, како и практиката на судовите во овој дел, преглед на правните механизми и постојните казни за еколошките кривични дела поврзани со климатските промени, како и состојбите во РСМ. Наодите укажуваат на потребата од значителни подобрувања во правната рамка и имплементацијата на казните. Трудот завршува со препораки за подобрување на постојните правни механизми и зајакнување на меѓународната соработка во борбата против климатските промени. Клучни зборови: еколошки кривични дела, криминалитет, правни механизми, климатски промени, природни ресурси, Европска Унија, меѓународна соработка

    ТHE JURISPRUDENCE OF THE EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS IN CASES AGAINST THE REPUBLIC OF MACEDONIA REGARDING THE VIOLATION OF ARTICLE 2 OF THE EUROPEAN CONVENTION ON HUMAN RIGHTS

    No full text
    The purpose of this paper is to present Article 2 of the European Convention on Human Rights (ECHR) and its significance in determining its violation before the European Court of Human Rights (ECtHR). The paper first explains the general features of Article 2, its scope and its application, as it is considered as a right where no deviations can be made. Furthermore, the paper elaborates the application of Article 2 through the analysis of case studies before the ECtHR submitted against some of the Balkan countries. These case studies address violations of Article 2 with regard to the use of excessive police force, death in custody, victims of crime, and in other cases and circumstances. In conclusion, the authors present their own results regarding compliance with Article 2 and future challenges that the law enforcement authorities may face when applying Article 2 of the ECHR. Keywords: right to life, case studies, Macedonia, European Cour

    НОВИНАРСТВОТО ВО ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ВО ШТИП – ПОДЕМИ И ПАДОВИ

    No full text
    Трудот пред се е истражувачки и се фокусира на истражување на хронолошкиот развој на новинарство во претпријатијата во периодот на социјализмот преку анализа и истражување на појавата на шест весници во исто толку работни организации (претпријатија) во Штип. Во рамките на трудот го детерминираме поимот и теоретската дефиниција на новинарството во претпријатијата. Исто така, во трудот се осврнуваме на појавата, развојот и опстојувањето на весниците во претпријатијата, односно на нивните подеми и падови. За таа цел, го анализиравме концептот, уредувачката политика, персоналниот состав на редакциите, но и на нивната улога во информирањето на вработените, како и нивната едукативна функција во однос вклучувањето на вработените во процесот на самоуправувањето и донесувањето на важни одлуки за развојот на своите претпријатија. Клучни зборови: новинарство, весници, претпријатие, социјализам, самоуправување

    Journal Editor Board, Content and Editor Introduction

    No full text

    0

    full texts

    5,501

    metadata records
    Updated in last 30 days.
    UGD Publishing System (Goce Delcev University - Stip / Университет „Гоце Делчев“, Щип)
    Access Repository Dashboard
    Do you manage Open Research Online? Become a CORE Member to access insider analytics, issue reports and manage access to outputs from your repository in the CORE Repository Dashboard! 👇