1,721,090 research outputs found
Компјутерски мрежи
Потребата за информации го натерала човекот да воспоставува врски со различни извори на информации и да фор¬мира мрежи со кои на себе ќе си го олесни собирањето, пре¬но¬сот, складирањето и обработката на податоците. Брзиот развој на компјутерската технологија во последната деценија (зголемување на пер¬фор¬ман¬си¬те, а намалување на цената на чинење) заедно со вистинска екс¬плозија на интернетот, доведоа до тоа бројот на корисници на компјутери и компјутерските мрежи да се зголемува со огромна бр¬зина. Секој ден се во¬ве¬дуваат нови услуги-сервиси, а истовремено во вмре¬жу¬вањето се поставуваат се повисоки стандарди. Со текот на времето мрежните системи се развивале, така што денеска да го достигнат нивото на практично ефикасно опкружување за размена на податоци.
Денеска, кога компјутерите се релативно достапни на секого, а покрај тоа се и исклучително моќни, вмрежувањето ја зголемува ефикасноста и ги намалува трошоците за деловно работење. Ос¬новни причини за вмрежување се: заедничко користење инфор-ма¬ции и заедничко користење на хардверот и софтверот.
Оваа книга првенствено е наменета за студентите од факултетот за информатика како еден вовед во Компјутерските мрежи, но може да послужи и како основна и поширока литература и за останатите студенти
Дискретни системи на управување
Сè што се случува околу нас, зависи од времето, односно функција е од времето. Ова се однесува на сите сигнали кај системите на управување, без оглед дали се работи за влезни или за излезни сигнали. Во зависност од видот на сигналите кои се користат имаме континуални и дигитални системи на управување. Во дигиталните системи на управување барем еден од сигналите мора да биде дискретен, па за дигиталните системи на управување поимот дискретизација по време е од посебно значење
Основи на автоматско управување
Борбата за што поголема продуктивност, висок квалитет и ниска цена на производот е доминантен фактор за воведување автоматика во сите индустриски гранки, а тежнеењето за поквалитетен живот е причина за широка примена во сите делатности. Покрај тоа, во многу ситуации примената на автоматиката е неизбежна, бидејќи треба да се извршат задачи во средини опасни по човековото здравје и живот како што се: хемиски и топлотно агресивни средини, нуклеарни постројки, вселенски истражувања.
Овој учебник е наменет пред сé за студентите од електротехничката струка на прв циклус студии од сите насоки на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, како еден од основните учебници по предметот Основи на автоматско управување на насоките Автоматика и системско инженерство, Мехатроника и роботика и Електроенергетика и обновливи извори на енергија кои се изучуваат во IV семестар од нивните четиригодишни студии
Интернет технологии
Пред неколку децении и најголемите оптимисти не можеа да предвидат со кое темпо ќе се развива технологијата. Кој можеше да замисли дека во реално време може да комуницирате со било кој на земјината топка, а да при тоа не платите скоро ништо. Некои научници кажуваат дека Интернетот може да го сместиме во списокот на најголемите светски пронајдоци со чие пронаоѓање развојот на општеството добива експоненцијален раст. Денеска повеќе од милијарда луѓе во светот се приклучени на Интернет и меѓусебно разменуваат информации. Бројот на Интернет корисниците постојано расте. Некој во шала кажуваат дека не е далеку денот кога секое живо суштество на планетата ќе биде приклучено на Интернет.
Оваа книга првенствено е наменета за студентите од факултетот за информатика, но може да послужи и како основна и поширока литература и за останатите студенти. На многу едноставен начин кој може да го разбере и поединец кој прв пат се сретнува за оваа проблематика се објаснети сите работи
Оперативни системи
Секоја постапка, која може да се изрази користејќи алгоритми со конечен број на елементарни операции, може да се предаде на компјутерот да ја извршува. Клучен дел од ком¬пју¬те¬р¬скиот систем кој овозможува пренесување на интелектуалната ра¬бота од човекот на компјутерот е системскиот софтвер. Сис¬тем¬ски¬от софтвер е тој кој посредува помеѓу апликативниот (корисничкиот) софтвер и хардверот, и на корисникот му овозможува полесно, поедноставно и поефикасно да ги искористи ресурсите на ком¬пју-терскиот систем.
Основа на секој компјутерски систем е оперативниот систем. Познавањето на оперативните системи е темел на знаењето на сите кои посериозно се занимаваат со компјутерите и инфор¬ма¬ти¬чката технологија. Како последица на масовната употреба на компјутерите во сите сфери на човековото делување, имаме тренд на постојано напредување и чести промени на информатичката тех¬нологија. Сепак, фундаменталните концепти останале не¬про¬ме¬не¬ти.
Оваа книга првенствено е наменета за студентите од факултетот за информатика, но може да послужи и како основна и поширока литература и за останатите студенти
Роботика и автоматизација
Во денешно време светот се соочува со забрзан развој на науката и техниката и се наоѓа во една од фазите кои често се нарекуваат фази на револуционерни промени.
Развојот на науката и новите технологии, според мислењето на многумина, наговестуваат поквалитетни промени во областа на производството и општеството воопшто.
Брзиот развој на компјутерските и комуникациските системи овозможил значително зголемување на протокот на информации, а високата автоматизација во индустријата сè повеќе го става човекот во положба само на набљудување на производството
Се зборува за нова технолошка револуција и премин на развиените земји во нова ера на постиндустриски општества. Еден од битните фактори на новата револуција е флексибилната автоматизација каде како нераздвоив дел претставуваат роботските системи.
На роботите денеска гледаме како на уреди кои овозможуваат понатамошна и пофлексибилна автоматизација. Тие го заменуваат човекот првенствено на опасни, монотони и тешки работи. На човекот му остануваат работите кои бараат повеќе интелигенција, знаење и креативност. На тој начин роботите придонесуваат за зголемување на продуктивноста а во исто време и за хуманизација на работата.
Овој учебник е наменет пред сè за студентите од електротехничката струка на прв циклус студии од сите насоки на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, како еден од основните учебници по предметот Роботика и автоматизација, во VII семестар од нивните тригодишни или четиригодишни студии
Компјутерски алатки
Во последните неколку децение развојот на компјутерската техника и технологија доживува кулминација. Денеска веќе ниту една активност која се презема скоро да не може да се реализира без примена на компјутерската технологија, а доколку би се реализирала би траела многу долго. Потребата од познавање и работа на компјутер веќе не е нешто што е потребно само на експертите, тоа е неопходно потребно на скоро секој поединец. До пред дваесетина години се сметаше дека оној кој не знае да пишува и чита е неписмен човек, а денеска може да кажеме дека оној кој не знае да користи компјутер може да го сметаме за полуписмен човек.
Оваа книга првенствено е наменета за студентите од факултетот за информатика, но може да послужи и како основна и поширока литература и за останатите студенти. На многу едноставен начин кој може да го разбере и поединец кој прв пат се сретнува за оваа проблематика се објаснети сите работи
Дигитални системи на управување 1
Развојот на науката и новите технологии, според мислење на многу, наговестуваат поквалитетни промени во областа на производството и општеството воопшто.
Брзиот развој на компјутерските и комуникациските системи овозможил значително зголемување на протокот на информации, а високата автоматизација во индустријата се повеќе го става човекот во положба само на набљудување на производството.
Појавувањето на дигиталниот компјутер извршело големо влијание на сите подрачја на човековото работење, па и автоматското управување не останало поштедено. Дигиталната технологија на управувањето имала влијание на сите нивоа, од големите процесни погони, во кои имаме десетина па и стотина меѓусебно поврзани компјутери, до најмалите примени каде минијатурни компјутери се вградуваат во секоја па и во најмалата јамка на автоматското управување. При тоа улогата на проектантот на системот на автоматско управување не е многу променета. Задача на проектантот е да избере (пресмета, проектира) соодветен регулатор со кој системот би се управувал. Под влијание на регулаторот, се менува однесување на системот и тој почнува да се однесува на саканиот начин.
Автоматското управување го набљудуваме како процес каде во игра секогаш се најмалку двајца учесници:
- дел кој се управува и кој можеме да го наречеме објект на управување, и
- дел кој управува и кој можеме да го наречеме субјект на управување.
Целта на оваа материја е студентите да се запознаат со базичните знаења за дигиталното управување кое не е поврзано со технологијата и начинот на реализација, и поради тоа не застарува. Поради тоа во текстот не се осврнуваме на начините на реализација на дигиталното управување
Овој учебник е наменет пред сé за студентите од електротехничката струка на прв циклус студии од сите насоки на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, како еден од основните учебници по предметите Компјутерско водење на процеси и Дискретни системи на управување кои се изучуваат во VI семестар од нивните тригодишни или четиригодишни студии
Introduction of fuzzy logic in fire management system
A system of fuzzy logic knowledge data base will be applied in fire management rocket
systems of anti-aircraft defense. The aim of fuzzy logic application is to increase the quality of the
rocket guidance with a minimum measuring, and a possibility to apply the results onto possible
modifications of the existing systems of anti-aircraft defense systems (Strela 10). The new
approach is in defining fuzzy logic variables such as: the velocity of approaching of a rocket and
the target drf and the angle of anticipation at the rocket launcher ksif. This fuzzy logic based
technique reduces the number of parameters that are used in the rocket self-navigation law
- …
